Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, претрпе елиминација на фјучерс турнирот во Анталија, откако претпладнево загуби во четвртфиналето од хрватската тенисерка Тара Вурт со 3:6, 6:4, 1:6.
Македонката не ја оправда фаворитската улога на овој меч, бидејќи беше трет носител, како и двојно подобар пласман на ВТА листата од нејзината денешна ривалка.
По овој турнир, Ѓорческа од понеделник ја очекува нов настап на ИТФ фјучрс-турнир исто така во Анталија.