Жена од БиХ почина во болница во Охрид, полицијата го уапси синот

Вчера во 10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека околу 01 часот, во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, со возило на Итната медицинска помош била донесена Р.Б.(78) во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), соопшти полицијата. Се работи за лицата од градот Бугојно, Босна и Херцеговина.

Според пријавеното, Н.Б. ја напуштил болницата, а Р.Б. набрзо починала.

-Н.Б. е пронајден на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишен од слобода. Телото на починатата е дадено на обдукција. Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

 

Претходна вестТалат Џафери: На прва седница кажав дека нема играње фудбал во Влада
Следна вестЃорческа елиминирана од фјучерсот во Анталија