Ѓорческа напредуваше 11 места на ВТА-листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа стигна до полуфиналето на турнирот во Ираклион и освои 25 бодови со кои забележа напредок на ВТА-листата. Ѓорческа напредуваше за 11 позиции на ранг-листата, па сега се наоѓа на 178. место во светот, односно само осум позиции полошо од нејзиниот најдобар пласман во кариерата.

Македонката оваа недела ќе одмори, а следната ја очекува настап на фјучерсот во Валенсија.

Напредок на ВТА-листата забележа и Магдалена Стоилковска, која напредуваше за осум позиции и сега се наоѓа на 1.223 место.

Претходна вест„Македоника литера“ ја објави книгата „Социолингвистика“ од Александра Ѓуркова
Следна вестШто одлучи Пендаровски, ќе се кандидира за претседател или ќе се исели од Македонија?