Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје, И.С.(38) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил нападнат од кучиња скитници, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според пријавеното, тој при обид да побегне паднал и се здобил со повреди констатирани во Ургентниот центар во комплексот.
За проблемот со кучињата скитници веќе со години се жалат и вработените во Клиничкиот центар, но и пациентите, кои алармираат дека во дворот царуваат неколку глутници, кои напаѓаат луѓе и се касаат меѓусебе.
Во подоцнежните часови кога има помала развиженост, кучињата добиваат поголема смелост и сила.