Голем пожар во тетовско Фалише, гори магацин на трговска фирма

Голем пожар претпладнево избувна околу 10 част и 30 минути во деловен објект на подрачјето на тетовското село Фалише. Според првичните информации, запален е магацин на трговска фирма „Еуроком“ со материјали за електротехника и железарија во близина на оваа населба.

Во гаснењето на пожарот интервенираат пожарникарите од тетовската територијална противпожарна единица, а на помош пристигнале и пожарникарите од Гостивар.

-Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми, кои може да помогнат со машинерија бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот, велат од ЦУК.

Од објектот се креваат густи облаци чад и извесно е дека најголемиот дел од него е веќе изгорен.

Центарот за урпавување со кризи издаде препорака до населението во линија на чадот од пожарот да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: На онкологија свесно бил создаден хаос за да може некој да профитира
Следна вестБраво: Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски освои најмалку бронза на Светско првенство