Голем пожар во Универзална сала

Голем пожар утрово ја зафати скопската Универзална сала во централното градско подрачје. Од објектот које во фаза на реконструкција излегуваат големи пламени јазици и густи облаци чад. Се уште не е јасно кои се причините за избувнувањето на огнот и каков материјал гори во внатрешноста на објектот.

-Екипи на противпожарната бригада се на терен и се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола, објави Курир.мк.

Работите на реконструкцијата на овој култен објект за граѓаните на Скопје неодамна продолжија откако Градот Скопје се согласи работите да ги финансира Владата. Неодамна на објетот беше псотавена и централната купола. Министерката за култура Бисерка Костадинова – Стојчевска изјави дека реконструкцијата ќе треа до 2027 година.

Фото: Принтскрин/Курир.мк

Претходна вестСреда, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен за сите граѓани
Следна вестРаботнички од Непал кои работеле во фирма во Прилеп не се вратиле во куќата во којашто престојувале