Работнички од Непал кои работеле во фирма во Прилеп не се вратиле во куќата во којашто престојувале

117

Жител на Прилеп пријавил во полиција дека четири работнички од Непал кои работеле во неговата фирма не се вратиле во куќата во која престојувале.

На 07.04.2024 во 21.57 часот во Полициската станица Прилеп, Д.Н. пријавил дека четири државјанки на Непал, Л.С.(29), Б.К.П.М.(26), С.С.М.Т.(29) и С.Р.М.(29), кои биле во работен однос со склучен договор во неговата фирма, од 19 часот на 06.04.2024 не се вратиле во куќата во која престојувале со во Прилеп“, соопшти СВР Битола.

Неодамна во Прилеп пристигна првата група странски работници во текстилната индустрија.

Претходна вестГолем пожар во Универзална сала
Следна вестРамазан Бајрам – 10 април е неработен ден за сите граѓани