11 лица се приведени во голема полициска акција во Битола која се случи денес. При акцијата се пронајдени дрога, оружје и пари.
– На 24.10.2023 во периодот од 05:50 часот до 13:30 часот на подрачјето на Битола криминалистичката полиција на СВР Битола изврши 11 претреси на домови и други простории заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл.396 од КЗ, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја, два пиштола, пет куршуми и над 20.000 евра. При тоа, лишени се од слобода Б.П.(40), И.Ј.(42), В.М.(23), Н.К.(43), Г.Б.(35), Б.И.(31), К.Т.(47), Х.Г.(28), Р.М.(20), И.К.(22), В.К.(31)сите од Битола, информираат од МВР.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.