Повеќе лица поврзани со ширењето на дрогата се упасени во текот на вчерашната акција која ја спроведуваше МВР во Прилеп. Според неофицијалните информации акцијата е организирана за разбивање и откривање на голема дилерска мрежа и се проверуваат повеќе локации и домови на приведените. Осомничените се поврзани со продажбата на опојните дроги хероин, кокаин, марихуана и амфетамини.
МВР се уште не излезе со официјално соопштение за акцијата во која се проведени меѓу седум и девет лица. Освен нив, биле осомничени уште дваесетина лица. Наводно, во оваа мрежа се вмешани и менаџепи на локали, хотели, па дури и полицајци, кои во изминатиов период соработувале со дилерите на наркотични дроги. Биле пронајдени и запленети извесни количини на марихуаната, три возила, поголема количина пари, мобилни телефони и документација. Акцијата била резултат на повеќемесечната истрага во текот на која биле користени и посебни истражни мерки.
Од МВР за денеска најавија повеќе информации за акцијата.