Големо дело – голем споменик на Св. Кирил и Методиј дури и на 12.000 километри од Македонија

Утре е денот кога се слави големото дело на Светите Кирил и Методиј. На 24 мај не само во Македонија туку и во неколку други држави се празнува Денот на словенската писменост. Со длабок наклон пред спомениците на рамноапостолските браќа Кирил и Методиј ќе се оддава почит кон просветителите кои извршиле силно влијание врз културниот развој на сите Словени.

Колку е големо нивното дело и колку тоа голем опфат има во светот зборува и податокот дека монументален споменик на просветителите има дури и во далечниот руски град Владивосток кој се наоѓа на Тихиот Океан и копнено е во близина на Кореја, а поморски и до Јапонија.

Солунските браќа во далечниот IX век по неколкугодишна дејност, а пред сè на Константин, ја создадоа првата словенска азбука, позната како глаголица. Во нејзината основа се поставени јужномакедонските говори од околината на градот Солун (од селата Сухо, Велика и Зарово).

Потоа преку неколку мисии тие сето тоа го ширеле дури до Моравија. По нивниот живот, нивните дела стасале и биле прифатени дури до Владивосток што е 12.000 километри подалеку од местото каде тие се родиле.

Инаку, во Македонија има многу споменици, бисти, образовни институции, црковни храмови… кои го носат името на сесловенските просветители. Само во Скопје има два големи споменика посветени на солунските браќа: еден кај Каменииот мост, направен во 2010-та година и еден во рамките на истоимениот универзитетски комплекс. Велелепен споменик посветени на рамноапостолите постои има и во Охрид, на кејот „Македонија“.

Спомен-бисти, пак, има пред повеќе основни училишта кои го носат нивното име. Инаку, основни училишта со гордо име „Свети Кирил и Методиј“ постојат во Скопје – во општина Центар, во Кучевиште и во Гази Баба, како и во Битола, Велес, Свети Николе, Кочани, Романовце, Луково, Македонска Каменица…, а гимназији има во Охрид и во Неготино. Најголема образовна институција со име на сесловенските просветители, секако дека е Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Едни од поголемите црковни храмови се црквите „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, Велес и во Струмица.

Претходна вестПритворен наставник од Струмица, вршел полови дејствија врз ученичка
Следна вестСПЦ го заврши Соборот, во соопштението не се спомнува предлог за автокефалност на МПЦ-ОА