„Господата на мотори“ по шести пат низ Скопје за подигање на свеста за ракт на простата

Стотина вљубеници во класичните мотори облечени во елегантни костими денеска ќе продефилираат низ скопските улици за да ја подигнат свеста кај јавноста за машкото здравје и борбата против ракот на простата, дел од глобалното хуманитарно движење „The Distinguished Gentleman’s Ride“.

За разлика од лани кога поради пандемијата имаше индивидуално возење под слоганот „Ride solo together“, годинава е дозволено заедничко возење со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 – носење заштитна маска и држење на пропишаната дистанца.

„The Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава одбележува 10-годишен јубилеј, а Скопје е дел од ова движење веќе шест години. Досега, на глобално ниво собрани се 27,5 милиони долари како поддршка во борбата против ракот на простата. Во овој глобален настан биле вклучени над 340 илјади учесници од 107 држави во светот.

Движењето го поттикна Марк Хава во 2012 година во Сиднеј кога облечен во фин костим заедно со своите пријатели продефилира низ улиците во чест на негов пријател, кој ја изгубил битката со ракот на простатата. Оттогаш движењето секоја година има се поголем бројот на учесници и собрани средства.

Претходна вестТемпературите денеска го најавуваат летото
Следна вестЕј, што се случува на кеј?