Гостиварец платил 1.600 евра за возачка без да полага, но останал и без пари и без дозвола

Педесет и едногодишен жител на гостиварско село, во полицијата пријавил дека бил измамен откако на едно лице во два наврати му дал вкупно 1.600 евра за да добие возачка дозвола, без притоа да го полага возачкиот испит.

Тој рекол дека се договорил со лице да му ја обезбеди дозволата, но тоа не се случило, па останал и без пари и без возачка.

Се расчистува и документира случајот.

Претходна вестВо близина на Битола се преврте цистерна со плин, возачот пренесен во болница
Следна вестЏафери има објаснување зошто пред избори се набавуваат скапи лимузини