Гостиварец пријавил дека пред неколку години некој го измамил за вадење германска виза

Гостиварец вчера пријавил во полиција дека пред неколку години, жител на тетовското село Мала Речица го измамил дека ќе му извади работна виза за Германија. Тој ниту му извадил виза ниту му ги вратил парите.

– На 29.05.2023 во 15.40 часот во СВР Тетово, 44-годишен маж од Гостивар пријавил дека Н.Н. од тетовска Мала Речица пред неколку години му ветил дека ќе му обезбеди работна виза за Германија, за што му дал пари. Според пријавеното, Н.Н. ниту му обезбедил виза, ниту му ги вратил парите, велат од МВР.

Според полицијата, случајот се расчистува и се документира, по што ќе следува соодветна пријава.

Претходна вестЌе се изеде доказот додека власта и опозицијата се натегаат за затруената храна
Следна вестОперација „Нинџа желка“: Уапсени над 2 илјади педофили