Гостиварка од чанта украла пари и накит

Полицијата вчера околу 18.15 часот во гостиварски Градец ја лишиле од слобода 54-годишната М.Р од ова село. Половина час пред тоа, таа била пријавена од 36-годишната Б.Р. од гостиварското село Добридол дека во возило од јавен превоз, во кое се превезувала, од чантата одзела девизи и накит.

– Случајот целосно е расчистен, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а против М.Р. ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Претходна вестЗелена мамба избега од својот кафез, во холандски град, полицијата ги предупреди жителите да останат дома
Следна вестЗарем 5 дена е рокот на траење на демократијата во македонскиот парламент?