Гостиварски полицаец извршил напад, па лажно пријавил дека бил нападнат

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 41-годишниот Р.Р., полицаец од нејзините редови, поради сомнение за сторени кривични дела насилство и лажно пријавување на кривично дело.

Како што информираат од МВР, на 15 месецов во полициската станица Гостивар, Р.Р. лажно пријавил дека врз него било извршено насилство од страна на 34-годишник од селото Беловиште, иако всушност било спротивно, односно полицаецот го нападнал 34-годишникот

Претходна вестЖители на Банско уапсени под сомнение дека ограбиле мигранти
Следна вестСЗО: Почетокот на учебната година е деликатен епидемиолошки предизвик