Парична награда од 100.000 денари денеска му е доделена од Градот Скопје на младиот боксер Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за младинци, кое пред две недели се одржа во Будва.
Наградата е доделена по предлогот на градоначалникот Шилегов врз основа на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје.
–Во последниве 6 години постојан член на боксерскиот клуб „Шкупи“ е наградениот 17-годишен боксер Ардијан Аземи, кој со младинската боксерска репрезентација на Република Македонија го постигна најголемиот успех на македонскиот младински бокс, и за првпат по 25 години во младинските категории освои еден од највисоките пласмани на едно европско натпреварување, се наведува во информацијата.
Градот Скопје финансиски го поддржа и боксерскиот клуб „Шкупи“ така што во 2020 година преку Програмата за Спорт им додели 50.000 денари, а во 2019 година 40.000 денари за активностите на клубот.