Град Скопје: Лага е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека 19-годишен возач ќе го вози Шилегов

Невистини се изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во врска со наводни вработувања во градската администрација по партиски клуч, реагира денеска Градот Скопје.

Во соопштението се наведува дека тврдењето на партискиот портапрол Димче Арсовски дека во градската администрација ќе се вработат 135 луѓе по партиски клуч е лажно и манипулативно.

Лажно е и тврдењето дека „во Град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов“, автомобилот што го користи градоначалникот Петре Шилегов нема да го вози 19-годишен возач, се наведува во реакцијата.

Градот Скопје апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја лаже јавноста и да шири паника и неизвесност меѓу граѓаните со измислени проблеми.

Работата на градоначалникот Петре Шилегов и на Градот Скопје, како институција, е транспарентна и посветена на брз урбан развој на Градот Скопје, се наведува  во соопштението.

Претходна вестПукал со пиштол среде бел ден во Топанско поле, ќе го најде ли полицијата?
Следна вестПочинале 11 пациенти од вирусот, тестирани 700 лица – новозаразени се 83