Починале 11 пациенти од вирусот, тестирани 700 лица – новозаразени се 83

Во последните 24 часа во Македонија се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се 44 случаи, Куманово 3, Дебар 2, Штип 5, Прилеп 6, Тетово 3, Велес 4, Битола 5, Кавадарци 1, Гостивар 1, Струмица 2, Крива Паланка 1, Делчево 1, Кратово 1, Ресен 1 и Неготино 3

очинати се 11 лица, двајца пациенти од Скопје (85 и 75г.), еден пациент од Велес (62г.), двајца од Битола (64 и 74г.), еден од Кавадарци (71г.),од Гостивар (85г.), од ПЕ Гевгелија/ Богданци (64г), пациент од Струмица (58г.), еден од Крива Паланка (61г.) и еден пациент од Радовиш (70г.). Пациентите се починати во болнички услови, се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 419 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.804, бројката на оздравени пациенти е 59.650, на починати е 2.456, а бројот на активни случаи изнесува 19.698, информира Министерството за здравство.

Претходна вестГрад Скопје: Лага е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека 19-годишен возач ќе го вози Шилегов
Следна вестЗелени скопјани „посвоиле“ дрвца во Бутел, уште не се знае каде ќе ги чуваат