Темен режим Режим на светлина

Донесен законот за спорот Влада – Макпетрол, опозицијата бара Пендаровски да не го потпише

Македонскиот парламент го изгласа Законот за решавање на спорот за „ГА-МА”. Имено, пратениците во продолжението на 20-тата седница денеска со 60 гласа „за”, 30 „против” го донесоа Закон за решавање на долгогодишниот спор помеѓу Владата и „Макпетрол“.

Ова законско решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

На овој чин силно се спротивставуваше опозицијата односно ВМРО-ДПМНЕ и „Левица“. По гласањето, опозиционерите укажаа дека со новодонесениот закон се кршат многу уставни одредби и го повикаа претседателот на Македонија да не го потпише указот за прогласување на овој закон.

Беше најавено и дека ќе биде поднесена постапка за оценување на уставноста на овој закон.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Зелени скопјани „посвоиле“ дрвца во Бутел, уште не се знае каде ќе ги чуваат

Следна објава

Затворени угостителски објекти во Скопје, сопствениците приведени