Градежниците во првите шест месеци од годинава договориле работи во странство во вредност од 198 милиони денари

Во првите шест месеци од годинава македонските градежни компании договориле градежни работи во странство во вкупна вредност од 198,286 милиони денари што е за 44,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари − јуни 2023 година, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 89,31 милиони денари, што е за 25,5 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Најмногу од договорените работи во првите шест месеци од годинава во вкупна вредност од 163,695 милиони денари треба да се реализират во Германија, по што следи Црна Гора со 15 милиони, Србија со 11,042 милиони, Бугарија со 5,651 милион и Чешка Република со 2,898 милиона денари

Претходна вестЗаедничка воена вежба на Македонија, САД и Албанија во Скопје од 20 август
Следна вестОН: Во Украина досега убиени речиси 10.000 цивили