Градоначалникот на Бутел позитивен на корона вирусот

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски, е позитивен на корона вирусот. Ова вест тој вчера попладне ја објави на социјалната мрежа Фејсбук наведувајќи дека така покажал тестот кој го направил по малите симптоми кои ги почувствувал деновиве.

-Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција, напиша Смилевски.

До сега неколку скопски градоначалници биле позитивни на Ковид – 19: скопскиот градоначалник Петре Шилегов, како и градоначалниците на Гази Баба, Борис Георгиевски, и на Чаир Висар Ганиу.

Претходна вестКој ќе биде поупорен, здивените возачи или полицијата?
Следна вестМатеј одлично плива, а одличен е и кога му даваат медали