Матеј одлично плива, а одличен е и кога му даваат медали

Спортист се станува од мали нозе а од најрана возраст се прифаќа и спортскиот фер-плеј која налага незаслужено да не се добие ништо. Посебно не медал за освоено право место. Таков еден пример и убав гест викендов го направил младиот пливач единаесетгодишниот Матеј Велковски од пливачкиот клуба „Вардар 2018“ учествувајќи на натпреварот „Орион куп мини“.

Матеј беше меѓу учесниците во трката на 50 метри слободен стил, за пливачи родени во 2009 година која што се одржуваше во малиот базен, веднаш до олимпискиот базен во центарот на градот. Натпреварот помина во најдобар ред, а најголемата возбуда се случи кога имаше прогласување на победниците кои добиваа медали з аосвоено прво место.

Официјалниот спикер го прочита името на Матеј како победник во трката на 50 метри и го покани да прими медал.

-Меѓутоа, тогаш Матеј ни пријде и ни даде на сите до знаење дека тој не е прв и дека не треба да го земе златниот медал, ни раскажа Јане Карајованов, тренер по пливање.

Набрзо се разјаснила целата ситуација и причината за грешката.

-На натпреварот резултатите се мереа со штоперици и секој судија го запишуваше резултатот рачно. Потоа, тој лист го носи на записничка маса и грешка се случи во препишувањето на резултатите. Но, Матеј како вистински спортист реагираше и не сакаше да добие незаслужено медал. Тој освои петто место. Ова ни ја враќа вербата дека пливањето создава добри деца и кои ти го враќаат фокусот на место, изјави за „Скопско ехо“ Јане Карајованов, тренер во пливачкиот клуб „Орион“

Претходна вестГрадоначалникот на Бутел позитивен на корона вирусот
Следна вестНие, жителите на Скопје, сме соочени со императивот да го спасуваме градот од нас самите…