Кој ќе биде поупорен, здивените возачи или полицијата?

Збеснати возачи „царуваат“ на скопските улици. Полицијата долго време беше анемична, но сега тргна да ги лови.

Пребрзото возење и вчера беше најчест прекршок кој го прават скопските возачи. Контролите кои ги направиле сообраќајните полициски патроли покажале дека речиси секој втор возач е казнет бидејќи возел пребрзо од максимално дозволените 50 километри на час.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 26, 80 мерки за непрописно паркирање, соопшти полицијата.

Во извештајот се предупредува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува МВР.

Скопјани пак апелираат полицијата да биде поупорна и да им стави крај на беснеењата на булеварите.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на власт не знае да спроведе мерки
Следна вестГрадоначалникот на Бутел позитивен на корона вирусот