Се утврдува како починало 11-годишно дете штитеник од Заводот во Демир Капија

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишно дете , штитеник на Специјаниот завод Демир Капија, соопшти денеска Јавното обивнителство.

Починатото момче беше згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно беше пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт, се наведува во соопштението.

Претходна вестКазнети 785 лица за неносење на заштитна маска
Следна вестМузичари ќе им отсвират на владините мерки, па макар и ги апселе