Казнети 785 лица за неносење на заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие, односно 5 и 6 октомври, во Македонија се регистрирани 785 прекршоци за неносење заштитни маски, соопшти денеска МВР.

За ваков прекршок граѓаните треба да платат 20 евра во денарска противвредност а доколку казната се плати во рок од осум дена таа изнесува десет евра.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.

Претходна вестНие, жителите на Скопје, сме соочени со императивот да го спасуваме градот од нас самите…
Следна вестСе утврдува како починало 11-годишно дете штитеник од Заводот во Демир Капија