Градоначалникот Шилегов е позитивен на корона вирусот, клиничката слика му е добра

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов e еден од новозаразените со корона вирусот. Тој на Фејсбук ја објави оваа вест, пишувајки дека клиничката слика му е добра, со благо покачена телесна температура.

– Би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализирање. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава. Чувајте се и чувајте ги другите околу вас, напишал Шилегов.

Претходна вест19-годишник загина, а сопатничката заврши со тешки повреди во сообраќајка во Прилеп
Следна вестУтре во 18 часот црн ТВ екран, а можно е за време на кампањата да нема телевизија од 19 до 22 часот