19-годишник загина, а сопатничката заврши со тешки повреди во сообраќајка во Прилеп

Teшка сообраќајка во Прилеп. Имено, синоќа по полноќ во близина на бензинска пумпа од Прилеп, патничко возило со прилепски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од Прилеп изгубило контрола и излетало од коловозот.

По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот и сопатничката В.Ч.(19) од Прилеп биле пренесени во Општата болница Прилеп каде што кај А.Ј. била констатирана смрт, а на В.Ч. (2001) од Прилеп и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Претходна вест„Фолтин“ е македонскиот музички претставник на Европскиот ден на музиката
Следна вестГрадоначалникот Шилегов е позитивен на корона вирусот, клиничката слика му е добра