И денеска претпладне сончево – попладне дожд

И денеска времето претпладне ќе биде сончево со умерена променлива облачност, а попладне и можност за дожд кој на места ќе биде пороен.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 18 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе  достигне до 15 степени, а дневната температура до 28 степени.

Утре ќе имаме променливо облачно време, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 18 до 29 степени.

Претходна вестУтре во 18 часот црн ТВ екран, а можно е за време на кампањата да нема телевизија од 19 до 22 часот
Следна вестСо силни партиски препукувања не се победува силниот корона вирус