Во продавница на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, фрлена експлозивна направа

Во семејната продавница на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во Скопје, доцна синоќа била фрлена експлозивна направа.

-Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета. Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На своевиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017 година имаше пожар во мојот дом, истакнува Мисајловски додавајќи дека нема да навлегува кој стоел зад нарачката, но верува дека ова е порака до него пред стартот на кампањата за изборите.

За овој настан, информираше и МВР во дневниот билтен, од каде велат дека постои основано сомнение оти станува збор за подметната експлозивна направа.

-На 21.06.2020 во 03.40 часот било пријавено дека на ул.“Ѓорче Петров“ излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнало детонација. По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа. Повредени нема. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Претходна вест5 пациенти починале, 101 лице е новозаразено од вирусот
Следна вестЌе има ли пак црн ТВ екран, како ќе реагира Владата на времениот прекин на каналите?