Комисијата за заразни болести на средба со скопските градоначалници

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, на кој што треба да се дискутира за можноста локалните самоуправи да се вклучат во справувањето со корона вирусот.

-Мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од корона вирусот, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Повеќе од 40 големи кластери со корона вирус се регистрирани во Македонија, а според надлежните, тоа е резултат на непочитување на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири.

Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, во државава се потврдени 101 нов случај со ковид-19, а вкупно дијагностицирани се 5.106. Најмногу заразени се дијагностицирани во Скопје – 2.498, од кои најголем број 384 во oпштината Чаир. Бројот на активни случаи во градот изнесува 1.699.

Претходна вестЛек за запуштените приватни објекти во Скопје
Следна вестПротест пред СУГС „Панче Караѓозов“: Учениците не сакаат тестирање