Меѓу 600 и 700 ПЦР теста дневно се достапни за пациентите во државните лаборатории низ Македонија. Ако се земе предвид дека секои 24 часа Министерството за здравство информира за спроведени преку 3000 тестирања, тоа значи дека околу 2500 луѓе плаќаат огромни суми по приватните лаборатории за да проверат дали се ковид-заразени. И оваа состојба трае цела пандемија. И цело време министерството вели дека прави се за граѓаните да бидат заштитени од вирусот.
А граѓаните постојано алармираат дека се јавуваат кај матичните лекари за да закажат термин, а овие не можат тоа да го сторат за минимум следните две недели да резервираат. Тоа е периодот кога ако некој е заразен, и има среќа, ќе оздрави чекајќи го рокот за тестирање. Но има и тажни голготи, луѓе кои не ја добиваат битката со опасниот вирус.
Клучното прашање е зошто луѓето да плаќаат цел живот здравствено осигурување, кога во една ваква состојба, мора да плаќаат приватно за сопственото здравје?
Надлежните пак демантираат: имало доволно тестови и немало проблеми:
-Лабораторијата е до Министерството за здравстви и нема луѓе што доаѓаат што значи дека термини има сосема доволно. Ставува збор на некои 300 до 350 новодијагностицирани случаи што може сосема комотно да се тестираат без да чекаат било кога. Во таа смисла нема информација дека нема термини, рече вчера министерот за здравство, Венко Филипче.
По објавата на оваа изјава на Филипче, не стивнуваат револтираните реакции од граѓаните. Но изгледа се завршува тука. Додека луѓето реагираат, надлежните негираат, а проблемот останува.