„Музика за 18 музичари“ е антологиското дело на американскиот композитор Стив Рајх, кое ќе биде изведено вечерва во Македонска филхармонија.
Концертот почнува во 20 часот во изведба од оркестарот на Филхармонија под диригентство на Паскал Галоа од Франција.
Ова дело, инаку меѓу најизведуваните на Рајх, е создадено во седумдесеттите години на минатиот век. Се работи за циклус од единаесет различни акорди, кои функционално не се поврзани и не се среќаваат во ниту еден традиционален тонален систем.