Фросина Тасевска, поетеса од Штип е добитничката на гран при – највисоката награда на осмото издание на меѓународниот фестивал „Литературни искри“. Пандемијата го пресели и овој настан на интернет, па се течеше преку социјалните мрежи. На конкурсот се пријавија 126 автори, покрај Македонија конкурираа и поети од Словенија, Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина.
За најдобар странски автор е прогласена Аида Ораховац, од Куч, Црна Гора. Првата награда му припадна на Владо Поповски од Скопје, а втората на Тони Павлески од Прилеп. Третата награда за поетска творба ѝ е доделена на Сања Нечовска од Скопје.
За најуспешна млада искра е прогласен шеснаесет годишниот Елмин Елези од Скудриње, Општина Маврово и Ростуше.