Распаднатиот кауч со порака: Се уште има кабаст отпад за собирање

Каде му е местото на стариот тросед или столчиња? Според многумина скопјани се знае – фрли ги пред зграда и нека му ја мисли друг.

Е поради таквата логика Скопје е преполно со кабаст оптпад расфлан насекаде. Во изминативе денови се покажа колку на градот му се потребни акции за собирање на кабаст отпад. ЈП „Комунална хигиена“ вчера информира дека во нејзиниот петдневен тек граѓаните од домовите исфрлиле 650 кубици најразновиден отпад. Сето тоа сега е однесено таму каде што треба и веќе нема да им зазема простор во становите на граѓаните, да биде оставено на балконите, во ходниците на зградите, на противпожарните скали…

Но, глетки од некои населби покажувата дека за собирање останало уште отпад. Таква една мини депонија со кабаст отпад денеска ја забележавме во скопската населба Аеродром, во близина на големата спортска сала.

Заборавено ли е таму да се исчисти или пак е фрлено откако поминале комуналците, не е важно. Важно е акцијата за чистење да продолжи и да се провери низ градот сигурно има уште вакви места. Важно е и скопјани да престанат да фрлаат кабаст отпад кога ќе им текне.

Претходна вестГран при на „Литературни искри“ за штипјанката Фросина Тасевска
Следна вестМакедонските одбојкари поразени од Данска