Темно Режим Светло Режим

„Гравитациски бранови“ вечерва на „Денови на македонската музика“ во Филхармонија

„Lamento per Macedonia“ од Ристо Аврмовски, Циклусот за гудачки оркестар „Езера“ од Панде Шахов, „Темпера 4“ од Тома Прошев, „Aurora Musis Amica Est“ од Горан Начевски и Циклусот за гудачки оркестар „Акварел“ од Михаило Трандафиловски, се делата кои вечерва можат да ги слушнат музичките вљубеници во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“ во Филхармонија.

Концертот се нарекува „Гравитациски бранови“ и почнува во 20 часот. Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Да платам данок на имот, сметки или компјутер за онлјан учење, што попрво?!

Следниот Пост

Краткотраен дожд со сонце