Грдото лице на Скопје: Петровска ја покажа дивата депонија Јурумлери со талог од септички јами

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од граѓанската иницијатива Зелен хуман град, Ана Петровска ја посочи дивата депонија Јурумлери, една од многуте покрај Вардар, дека се прави со знаење на општината Гази Баба.

-Наместо да ја исчисти, самата фрла отпад, за да не плати прописно депонирање во Дрисла. На оваа локација се истура и талог од септички јами на приватни куќи од оваа општина, што депонијава ја прави уште поголемо жариште на зарази, во време на пандемија, соопштија од тимот на Ана Петровска.

Петровска вели дека решение има – да се исчисти, да се стави под видео-надзор и трајно да се зазелени. Куќите да се приклучат кон канализациската мрежа, а потегот покрај Вардар да се претвори во континуиран линиски парк со велосипедска улица.

Претходна вестАнтикорупциска ги одби приговорите на Левица за Арсовска и на СДСМ за Димитриевски
Следна вестСо денови се додаваат починати од ковид од изминатиот месец – денеска има 10 и 4 од септември