Со денови се додаваат починати од ковид од изминатиот месец – денеска има 10 и 4 од септември

Во текот на изминатите 24 часа во земјава починале 10 лица како последица на ковид и уште 4 во периодот од 13 до 17 септември, со што вкупиот број што смртни случаи забележани во денешната статистика е 14.

Од оние кои починале во изминатото деноноќие, 3 лица се од Куманово (32г, 72г и 77г), по 2 починати лица од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од починатите со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година, 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6, Тетово и Свети Николе – по 5, Неготино и Крива Паланка – по 4, Струга и Кратово – по 3, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 2, Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 240 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.891 бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029, од кои 3.495 во Скопје.

Скоро еден месец секојдневно во дневната статистика на починати од коид се додаваат и смртни слуучаи од претходните денови. На прашањето до МЗ зошто е тоа така, кусо одговараат дека тогаш ги добиле од Мој термин.

Па прашањето е, под која институција е Мој термин поради што МЗ не можат да имаат дневен увид во тоа?

Претходна вестГрдото лице на Скопје: Петровска ја покажа дивата депонија Јурумлери со талог од септички јами
Следна вест35% од населението во земјава е целосно вакцинирано, 45% од возрасната популација