Вчера околу 08,45 часот во полициска станица Гевгелија било пријавено дека во апартман во Гевгелија, е пронајден починат S.A.(46) од Р.Грција, со привремен престој во Гевгелија. Од доктор од итна медицинска помош констатирана е смрт, без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.