Груби контра Меџити: Нема конфликт, оставката е лична одлука

Вицепремиерот Артан Груби денеска, коментирајќи ја одлуката на Изет Меџити да се повлече од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ, рече дека тоа е негова лична одлука и дека ја почитува.

-Изет Меџити има над 20 години искуство во ДУИ и може да биде наследник на Ахмети, вели Груби, коментирајќи ја вчерашната оставка.

Но тој не сакаше да коментира во врска со судирот во партијата, меѓу тнр. скопско крило предводено од Меџити и градоначалникот на Сарај и двајцата најистурени функционери на ДУИ, вицепремиерот Груби и министерот Бујар Османи.

Тој се повика на изјавата на лидерот Али Ахмети по последниот состанок на ЦК на кој се согласиле дека сите прашања се решени и да ги поддржат политиките на партијата.

Меџити вчера во писмото – оставка до Талат Џафери истакна дека причина за оставката од функцијата координатор на пратеничката група се несогласувањата во партијата, но притоа му изрази поддршка на лидерот Ахмети.

Претходна вест„Фајзер“ во „Букурешт“, „Спутник“ во „Јане Сандански“
Следна вестКовид-центрите се полнат: Повторно рекорден број новопримени пациенти во Скопје