„Фајзер“ во „Букурешт“, „Спутник“ во „Јане Сандански“

Поликлиниката Букурешт утре ги отвора вратите за ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“, додека во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник В“, од која во неделата пристигнаа првите 3.000 дози.
Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник до сабота.
Според Министерството за здравство, и натаму се вакцинираат здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање ковид – инфекција од сите институции во државата.
Потоа, според најавите на министерот за здравство Венко Филипче ќе се премине на вакцинирање на повозрасната популација во старечките домови и персоналот таму.
Вакцина против ковид-19 до денеска примиле 3.759 здравствени работници, а
преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ се направени 76.990 пријави.
Кај матични лекари пријавени се 53.473 анкети.
Досега вкупно се пријавени 61.908 лица над 70 години, преку сајт и од матичен лекар.
Во земјава досега се пристигнати нешто повеќе од 8.000 вакцини „Фајзер“ од Србија и 3.000 „Спутник В“.
Претходна вестПочинато лице пронајдено на брегот на Вардар во Долно Лисиче
Следна вестГруби контра Меџити: Нема конфликт, оставката е лична одлука