Од утре се враќа полицискиот час, ќе трае до 22 март

Од утре во Македонија се воведува полициски час, од 22 часот до 5 часот наутро и ќе трае до 22 март.

Исто така, како дополнителна мерка е и одлуката за задолжителен карантин на сите што доаѓаат од земјите во Африка од 14 дена, кој за наши граѓани ќе биде домашен, а за странци што доаѓаат од африканските земји ќе се обезбеди објект за државен карантин.

Според премиерот Зоран Заев, полицискиот час е најблагата мерка која е избрана, но ако не паднат бројките на заразени тие ќе се заоструваат со викенд-карантини.

Тој вели дека причината за оваа мерка се собирите на јавните места после 21 часот.

Полициски час во земјава поради епидемијата со ковид-19 беше воведен на 22 март минатата година, нецел месец од првиот регистриран случај на 26 февруари, и траеше од 21 часот до 6 часот.

Во текот на целиот период на вонредната состојба тој се зголемуваше, и еден период почнуваше и во 16 часот попладне, а завршуваше во 5 часот наутро, траеше и цели викенди, а најдолгиот беше лани за Велигден – од 16 часот на 17 април (петок) и траеше до 5 часот на 21 април (вторник).

Претходна вестПрво нападнал медицинско лице, а потоа кршел инвентар по болницата
Следна вестРодилката Веаповска: Лекарската комора јавно да каже зошто ми се извадени матка, бубрег и јајник ако немало лекарски пропуст