Груби не се повлекува од функцијата: Нема раскол во ДУИ, сите се построени позади Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби од ДУИ нема намера да се повлече од функцијата и покрај барањата на дел од видни партиски членови обединети во тнр. „огнена група“. Тој денеска негираше дека има раскол во партијата.

Прашан за барањето за негово разрешување и дали смета дека е незаменлив во ДУИ, Груби рече:

-Не само ДУИ, која било партија, која било институција, кој било општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проекти. Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој нѐ гласал. Сите достигнувања на ДУИ го носат потписот од 2002 до 2022 година.

Тој потоа и нагласи:

– Сите знаат дека ДУИ е посилна од било кога и поквалитетно застапена од кога било во државните институции. Во овие околности во кои се наоѓаме, на Али Ахмети не му треба ДУИ, туку на ДУИ му треба Али Ахмети. На Али Ахмети не му треба народот, туку на народот му треба Али Ахмети. Видовте вчера, сите беа построени зад Ахмети, рече Груби посочувајќи на тој начин на вчерашната средба на скопската група од „огнените“ со лидерот Ахмети одржана во Мала Речица.

Претходна вестСобраниска говорница е или селска чешма е?
Следна вестСкопскиот маратон в недела ќе го трчат 8.500 натпреварувачи од 47 земји