Зоран Заев еден ден ќе се срами од злоделата кои ги прави и ќе одговара за тоа, откако многу луѓе ќе проговорат со што се соочувале, напиша денеска поранешниот премиер Никола Груевски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Тој реагира на вчерашното споведување на поранешната министерка Гордана Јанкуловска во затвор и на денешното изрекнување на пресуда со која е осуден на 1,5 годишната затвроска казна за случајот „Насилство во Центар“.
-Власта на чело со Заев е во параноично-пародичен поход и обид да креира едно привидно чувство и престава дека правдата некого стасала. Но, ова што сега се прави и суди не е вистината. Заев се лаже ако мисли дека со овие изнудени и диригирани пресуди, со злоупотребата на моќта, дека ќе му помогне тоа што тој го замислил и искреирал да биде вистина во ситуација кога не е. Тој е влезен во лош филм дека доволно долго ќе владее за се што наумил да го забетонира како вистина. Кршлив му е тој бетон каде лагата, уцената и измамата се преставува како вистина. Ќе пукне еден ден, а тој ќе се срами од злоделата кои ги прави и ќе одговара за тоа, откако многу луѓе ќе проговорат со што се соочувале, потенцира Груевски.
Груевски кој се наоѓа во Будимпешта, Унагарија, за денешната пресуда рече дека Заев порачал луѓето во фабрикуваниот предмет „Протести во општината Центар” да бидат прогласени за виновни и да се доделат затворски казни од судијата.
-За тие кои најмногу лично ги мрази – ефективни, за оние кои му се помалку важни – условни. Исто како што вчера истиот нарача Гордана Јанкуловска во незаконска постапка да ја спроведат во затвор по претходно брутално извршениот притисокот од негова страна до врховните судии да го потврди обвинението, кое претходно на ист начин го потврди апелациониот суд. Како што јавно беше кажано уште во 2018 година дека и ветено унапредување во уставниот суд, пристигна и наградата за извршителот Добрила Кацарска во овој нечесен начин на мафијашко владеење во кој ист човек е шеф на владата, но истовремено и на судот, обвинителството како и на поголем дел од медиумите, пишува поранешниот премиер.