Група измамници одземале автомобили и ги продавале – Обвинителството ги гони, полицијата ги бара

Шест лица од Скопје цела година, од ноември 2019 до ноември 2020 година биле кошмар за седум лица кои сакале да си ги продадат автомобилите.

Тие останале и без пари и без автомобили, бидејќи се работи за група измамници против кои Обвинителството од Скопје поднесе предлог-обвинение за „измама“и за „прикривање“.

Измамата течела вака: четворица се претставувале како купувачи на автомобили огласени на социјални мрежи или на интернет страници за продажба, ги наведувале сопствениците да извршат пренос на сопственоста врз автомобилот на нотар, но притоа не ја уплаќале договорената сума и избегнувале секаков контакт со нив. Потоа автомобилите ги продавале на други.

Иако Обвинителството ги гони, полицијата се уште ги бара. Засега единствено може да се најдат седумте автомобили кои биле одземени со измама и да се забрани нивно користење и продажба.

Претходна вестАдминистрацијата сепак на 1 февруари нема целосно да се врати на работа
Следна вестПешевски и понатаму ќе ги тресe мрежите за РК Штутгарт