Пешевски и понатаму ќе ги тресe мрежите за РК Штутгарт

Македонскиот репрезентативец во ракомет Жарко Пешевски ја продолжи соработката со германскиот прволигаш Штутгарт, според новиот договор тој ќе остане во клубот од Германија до 2022 година.

Нашиот познат пикер од 2019 година е дел од Штутгарт, сезонава Пешевски запиша 34 голови и е петти најдобар стрелец во екипата.

Покрај Пешевски, Штутгарт ја продолжи соработката со уште тројца свои играчи.

– Задоволни сме што успеавме да ги задржиме четворицата играчи, ова беше  приоритет во остварување на целите на клубот, заедно сакаме да продолжиме за запишуваме успеси, информираат од Штутгарт, ставајќи фотографија од нашиот ракометар.

Претходна вестГрупа измамници одземале автомобили и ги продавале – Обвинителството ги гони, полицијата ги бара
Следна вест10 починати и 302 нови случаи: Најмладата жртва на ковид-19 е на 47 години