10 починати и 302 нови случаи: Најмладата жртва на ковид-19 е на 47 години

Во изминатото деноноќие во Македонија, 10 лица починаа како последица на ковид-19, додека од направени 2.024 тестирања, регистрирани се 302 нови случаи со корона вирус.

Од починатите, пет се од Скопје, при што најмладиот е на 47-годишна возраст, додека останатите се од Струмица, Струга, Прилеп, Охрид и Гостивар, од 51 до 85-годишна возраст. Еден од ние е од Дом за стари лица во Скопје.

Од новозаразените, повторно најмногу се од Скопје – 165.

Регистрирани се и 444 оздравени пациенти.

Со денешните, вкупната бројка на ковид – дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.193, а на починати 2.841. Од вкупниот број активни случаи 8.515, 4. 658 се во Скопје.

Претходна вестПешевски и понатаму ќе ги тресe мрежите за РК Штутгарт
Следна вестПротест за „Монструм“: Превртени контејнери, демонстрантите маваа со камења кон полицијата