„Со грб на езеро пребарува мејлови. Странец на одмор“ е хаику-поезијата на накедонскиот писател Александар Прокопиев за која годинава ја доби првата награда „Радмила Богојевиќ“ на четвртиот Меѓународен конкурс за хаику во Србија. Конкурсот го организираше книжевникот Дејан Богојевиќ.
Како што соопшти издавачката куќа „Авант прес“, на конкурсот учествувале 214 автори на хаику-поезија од 33 држави. Одлуката за наградите ја донесе меѓународното жири во состав: Душан Стојковиќ (Србија); Ранко Павловиќ (Босна и Херцеговина); Аленка Зорман (Словенија) и Нелица Ивановиќ Радовиќ (Црна Гора).
Втората награда на конкурсот ја поделија две авторки: Ан Каран од Нов Зеланд и Зои Савина од Грција, а третата ја поделија Дитмар Таухнер од Австрија, Драган Ристиќ од Србија и Вандана Парашар од Индија.