Колони од возила има од последната бензиска пумпа близу границата па се до терминалите за проверка. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд, на македонско-грчката граница, пишува Макфакс. Ниту тоа што се отворени скоро сите терминали и има шест колони не е доволно за гужвите да се намали.
Според АМСМ се чека еден час за да се помине границата и да се влезе во Македонија. Додека за излез, возачите сведочат дека чекаат и повеќе.
Голем број граѓани се упатија на море за да побегнат од топлотниот бран што ја зафати Македонија.