„Хјундаи“ и „пежо“ се судрија на патот Тетово – Волковија, тешко повреден маж

Вчера во 14.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – село Волковија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 67-годишниот Џ.Х. од село Вејце, тетовско и патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 25-годишниот И.Р. од Тетово, кои потоа удриле во две паркирани патнички возила „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со тетовски регистарски ознаким извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Х. констатирани во Клиничка болница Тетово, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Претходна вестПосебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради „Парада на гордоста“
Следна вестРечиси цела Црна Гора е без струја, но и делови од Хрватска и БиХ