Темен режим Режим на светлина

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради „Парада на гордоста“

На 22.06.2024(сабота) во 17.00 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централно-градско подрачје во Скопје.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15.00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Холандски турист со скршеница на нога извлечен кај охридско Елшани, пренесен во болницата „Св. Еразмо“

Следна објава
Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

„Хјундаи“ и „пежо“ се судрија на патот Тетово – Волковија, тешко повреден маж